Правила за наградна игра на HELLO FLIPS 40g
1.Општи податоци за наградната игра
Приредувач на наградната игра е Свисслион – Агроплод ДОО Ресен. Наградната игра се одвива на целата
територија на Република Македонија, во периодот од 01.09.2010 до 31.12.2010, а право на учество имаат сите
граѓани кои ќе купат производ „HELLO FLIPS ” 40 g чија амбалажа е специјално дизајнирана со информација дека
производот е во игра за добивање на награда.
2. Добитници на награди
Добитник на награда ќе биде секој оној кој од внатрешната страна на амбалажата на производот HELLO FLIPS 40
грама, ќе го прочита името на наградата.
Добитните производи од внатрешната страна ќе содржат еден од следните текстови:
- Честито! СКУТЕР!
- Честито! ЛАП ТОП!
- Честито! ВЕЛОСИПЕД!
- Честито! МАИЦА!
- Честито! HELLO FLIPS 40 g!
Недобитните производи од внатрешната страна на амбалажата ќе содржат текст „Грицкај понатаму”.
3. Подигнување на наградите
Учесниците во наградната игра кои од внатрешната страна на амбалажата на производот HELLO FLIPS 40 грама го
прочитале името на една од главните награди „ Скутер” „ Лап-топ” или
„ Велосипед”, се должни амбалажата лично да ја достават во просториите на П.И Свисслион
ДОО Скопје на адреса ул. Качанички пат бб, Скопје, во сектор Маркетинг секој работен ден од 08h
до 16h. Телефон за информации 02/2600-423 локал 226.
Учесниците во наградната игра кои пак од внатрешната страна од амбалажата на производот HELLO FLIPS 40 грама
го прочитале текстот „Mаица” или пак
„ HELLO FLIPS 40 грама”, се должни
амбалажата лично да ја достават во малопродажниот објект од каде што е купен добитниот производ
HELLO FLIPS 40 грама и истовремено ја подигаат наградата со покажување на личен документ за
идентификација.
Имињата на добитниците на главните награди ќе бидат објавени на веб страната на Свисслион
www.swisslion.com.mk како и во дневниот печат во рок од 3 дена од завршувањето на наградната игра.
Добитниците на наградите, ќе можат да ја подигнат својата награда најдоцна во рок од 60 дена од денот на
објавување на резултатите во дневен весник.
Со предавањето на наградата на добитникот, престануваат натамошните обврски на приредувачот на наградната
игра спрема добитниците. Учесникот во наградната игра ги прифаќа правата и обврските од овие Правила на игра.